Дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи ќе добијат двајца фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски. Ова го соопшти на денешниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој изјави дека тие се најважните амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како доказ за нивните успеси.
„Им посакувам успех и во Португалија“, истакна Османи.
Македонската фудбалска репрезентација завчера оствари победа над Италија во Палермо, со што обезбеди место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022.
Фудбалерите од македонската репрезентација вчера беа пречека на плоштадот во Скопје од стотици граѓани.