Украинските власти соопштија дека во изминатиот месец од почетокот на руската инвазија биле убиени 136 деца. Од вкупниот број, 64 деца се убиени во регионот на Киев, соопшти канцеларијата на главниот обвинител на Украина во пораката на апликацијата Телеграм.
Во неа е наведено дека уште 50 други деца загинале во регионот Доњецк. Дополнително, 199 деца се ранети, се вели во соопштението. Ваквите тврдења во извештајот не може да се потврдат независно.
Во меѓувреме договорен е нов обид за евакуација на цивилите од опколениот украински град Мариупол, а ОН соопштија дека добиваат сè повеќе информации за масовни гробници во градот.
Нов обид за евакуација од Мариупол, ОН добиваат информации за масовни гробници
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека е договорен хуманитарен коридор со Русија за да им се дозволи на цивилите да го напуштат опколениот град со приватни автомобили.
Верешчук денеска рече дека оние што ќе успеат да излезат од градот ќе можат да се возат со автобуси од блискиот град Бердјанск до градот Запорожје.