Кина и Русија треба да испратат силна порака до Северна Кореја да се воздржи од понатамошни „провокации“ откако оваа недела продолжи да тестира интерконтинентални балистички ракети, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Џалина Портер.
Коментарот беше даден на редовниот брифинг пред состанокот на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разговара за потегот на севернокорејските власти.
Северна Кореја објави дека при вчерашното тестирање успешно ја лансирала својата најголема интерконтинентална балистичка ракета.
Државните медиуми објавија дека лидерот Ким Џонг Ун директно го извршил тестирањето и дека оружјето е клучно за одвраќање на нуклеарна војна.
Лансирањето на проектилот го следеа армиите во Јапонија и Јужна Кореја. Јапонските власти соопштија дека летал на височина од 6.000 километри и паднал во јапонските води по еден час летање.