Од утре старува редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија стартува утре.
Со летот на бугарската компанија Гуливер, од утре стартува редовната авиолинија што ќе го поврзе Скопје со бугарската метропола.
Првиот лет ќе се реализира во 05.30 часот кога на скопскиот аеродром Скопје треба да слета авионот на Гуливер.
Авионското поврзување меѓу Скопје и Софија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков по првата средба на 18 јануари годинава во Скопје.
Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.
Пред официјалиот старт на редовната линија, минатиот месец беше организиран симболичен лет со кој во Скопје од Софија пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев.
Авиокомпанијата Гуливер има лиценца во Бугарија од 2020 година. Компанијата е бугарска старт ап инвестиција, а во периодот кога се договараше соработката меѓу лидерите на Македонија и Бугарија имаше летови до осум дестинации, претежно чартер до туристички центри, а од подалечните места лета до Доминиканска република и Малдиви.
Скопје-Софија е новина со летниот распоред на летање, што стартува викендов, а со кој се обновуваат и дел од линиите што беа укинати пред ковид пандемијата.