Во денешната полициска акција на територијата на цела држава, за сузбивање на продажба на дрога, улично дилерство и недозволена трговија со огнено оружје, биле приведени над 20 улични дилери од повеќе градови и запленета дрога.
Како што соопштија од МВР, пронајдено и одземено е поголемо количество марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамин, прашкаста и грутчеста материја, а на подрачјето на Гевгелија била пронајдена импровизирана лабораторија за производство на канабис.
Полицијата пронашла и пари, неколку ваги и дробилки како и триесетина куршуми.
Против приведените, по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Денешната акција се одвивала на дваесетина локации во повеќе градови - Тетово, Гевгелија Кичево, Скопје, Куманово, Струмица, Штип, Струга, Пробиштип, Берово, Свети Николе, Битола, Гостивар, Неготино и Кавадарци.