Интерконекторот за гас Грција-Бугарија успешно се приклучи на Трансјадранскиот гасовод (ТАП), јави дописникот на МИА од Софија.
Со две златни заварувања што ја поврзуваат мерната станица за гас кај Комотини со постојната инфраструктура ТАП, физичкото поврзување е направено на само неколку стотини метри северно од надземниот објект ИГБ, јави дописникот на МИА од Софија.
Енергетската криза „изеде“ една гасна централа
Планот е гасоводот ИГБ да се поврзе и со инфраструктурата за пренос на гас на бугарскиот гасен оператор „Булгартрансгаз“ кај Стара Загора, а во близина на втората гасна мерна станица на интерконекторот. Исто така е предвидено и физичко поврзување со преносниот систем на грчкиот оператор ДЕСФА.
Сите подготовки од страна на ИГБ се веќе завршени и се очекува ДЕСФА да обезбеди распоред за поврзување во наредните недели.
Транс-јадранскиот гасовод (ТАП) носи гас од Азербејџан кон Европа.