Ден на жалост во Косово за смртта на Медлин Олбрајт

осовскиот премиер Албин Курти со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, оддадоа почит на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт.

Претседателката на Косово Вјоса Османи го прогласи петок 25 март за Ден на жалост за смртта на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Во указот за прогласување Ден на жалост, Османи оцени дека Олбрајт „континуирано го поддржувала Косово до последен здив“ и оти народот на Косово „засекогаш ќе ја памети“ поради тоа.

Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД

„Медлин Олбрајт ја препозна болката на нашиот народ затоа што и самата доживеа прогон уште од детството, па цврсто стоеше против Слободан Милошевиќ додека не беше прекинат неговиот геноцид на Косово“, наведе Османи. Знамињата денеска ќе бидат спуштени на половина копје во сите официјални објекти, на Косово. Поранешниот државен секретар на САД го посети Косово три пати, неколку месеци по завршувањето на војната во 1999, 2005 и 2019 година. Таа одржа говор во Собранието на Косово во 2005 година, додека во 2019 година присуствуваше на откривањето на биста во нејзина чест.