Соединетите држави, Британија, Франција, Ирска, Албанија и Норвешка побараа Советот за безбедност на Обединетите нации денеска да одржи јавен состанок на кој ќе се разговара за најновото лансирање на балистичка ракета од Северна Кореја. Северна Кореја вчера изврши, како што се смета, најголем тест на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) досега, соопштија армиите на Јапонија и на Јужна Кореја.
Пјонгјанг „најверојатно лансирал интерконтинентална ракета“
Северна Кореjа истрелала две балистички ракети во морето, што е шестта ракетна проба во овој месец. Северна Кореја во последниве месеци спроведува тестови на нови ракети, во, како што велат некои експерти, обид да се здобие со потпора врз какви било идни преговори со Соединетите држави и Јужна Кореја. Преговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг за нуклеарни и ракетни прашања заглавија по пропаѓањето на разговорите меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година.