Генералното собрание на ОН усвои необврзувачка резолуција со која се бара заштита на цивилите и цивилната инфраструктура во Украина и итен прекин на војната. Резолуцијата, одобрена на 24 март во седиштето на ОН во Њујорк, беше фаворизирана од 140 земји во 193-членото собрание. Четири земји - Сирија, Белорусија, Северна Кореја и Еритреја - ѝ се придружија на Русија во гласањето против, додека 38 земји беа воздржани. Резолуцијата „бара итен прекин на непријателствата од страна на Руската Федерација против Украина, особено на какви било напади врз цивили и цивилни објекти“.
САД ќе прифатат 100.000 бегалци од Украина
Исто така, се бара заштита на цивилите, медицинскиот персонал, хуманитарните работници и новинарите. Слична необврзувачка резолуција на 2 март бараше Русија веднаш да престане со употребата на сила. Таа резолуција беше поддржана од 141 земја. Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека последната резолуција се надоврзува на гласањето на 2 март и апелира до „едно лице кое има способност да го запре насилството, односно Владимир Путин“.
Зеленски до НАТО - На Украина и е потребна неограничена воена помош
Резолуцијата ја критикува Русија за создавање „страшна“ хуманитарна ситуација откако Москва го нападна својот сосед пред еден месец во, како што ја нарекува „специјална воена операција“ за уништување на воената инфраструктура на Украина. Украина и западните сојузници ја обвинија Москва дека неселективно напаѓа цивили и дека цели на објекти како болници и згради кои се користат како засолништа. Москва негира дека нападнала цивили.