Со голот на Александар Трајковски во 92. минута, а на асистенција на Миовски, Македонија го победи европскиот шампион со 0-1 и ќе игра против Португалија за место на Мундијалот во Катар.
Италија беше голем фаворит на овој натпревар и италијанските фудбалери доминираа на теренот.
Нашата репрезентација единствената шанса во првото полувреме ја имаше во самиот финиш кога Трајковски шутираше од 25 метри, Донарума го одбрани неговиот удар.
Во второто полувреме продолжија нападите на Италија, првата шанса ја имаа преку Берарди, но Столе Димитриевски го одбрани неговиот удар. Две минути подоцна Берарди имаше уште еден опасен шут, овојпат крај нашиот гол.
Во финалето Македонија ќе игра против Португалија во Лисабон. Тие денеска ја совладаа Турција со 3-1.