САД ќе прифатат до 100.000 бегалци од Украина, изјавил за Асошиејтед Прес анонимен официјален американски претставник.
Од Белата куќа со недели наназад изјавуваа дека САД ќе прифатат бегалци од Украина, но властите очекуваат дека повеќето ќе сакаат да останат во Европа за да бидат блиску до својата татковина.
Агенциите за бегалци ја повикаа администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да направи повеќе, велејќи дека САД би можеле да го забрзаат влезот на Украинците кои веќе се во процес на аплицирање за влез во Соединетите држави преку програмата за бегалци или да го зголемат вкупниот број на Украинци кои може да влезат во САД.
Од почетокот на војната во Украина, повеќе од 10 милиони луѓе се раселени. Според Обединетите нации, 4,2 милиони ја напуштиле земјата, а останатите се раселени внатре во Украина.