Соединетите Држави воведоа санкции за повеќе од 400 руски политичари, олигарси и компании поради неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина.
Американското министерството за финансии соопшти дека на листата се додадени десетици руски одбранбени компании, 328 членови на руската Државна дума како и шефот на најголемата руска финансиска институција Сбербанк.
„Денеска, по низата претходни санкции против Руската Федерација поради нејзината незаконска, неоправдана и неоснована војна против Украина, Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД ја проширува листата со клучните поттикнувачи на инвазијата“, се вели во соопштението.
Дополнително во соопштението стои дека одлуката е усогласена со слични акции преземени од страна на Европската унија, Обединетото Кралство и Канада што го потврдува заедничкиот став дека [рускиот претседател Владимир] Путин е одговорен за војната“.
На листата е и главниот извршен директор на Сбербанк, Херман Греф, кој исто така е близок до Путин.