Северна Кореја денеска лансираше интерконтинентална балистичка ракета кон морето во близина на нејзиниот источен брег, објавија армиите на Јужна Кореја и Јапонија.
Аналитичари велат дека ова е прво лансирање на поголеми ракети од Северна Кореја од 2017 година и претставува голема ескалација кога станува збор за развојот на оружје што може да носи нуклеарни боеви глави.
Јапонските власти соопштија дека сè укажува на тоа дека бил лансиран нов тип од вакви проектил, кој прелетал 1.100 километри за околу 71 минута.
На 27 јануари новинската агенција на земјата КЦНА објави дека е направено пробно лансирање на ракета земја-земја.
Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопшти дека е откриено лансирање на „неидентификувана ракета“ од Северна Кореја, додека други детали не се наведени.
Во соопштението се претпоставува дека се работи за проектил со долг дострел лансиран во вселената.
Северна Кореја нема тестирано слични проектили од 2017 година.