Лидерите на ЕУ согласни заеднички да купуваат гас

Инвазијата на Украина од страна на Русија, главниот европски снабдувач на гас, предизвика цените на енергијата да се искачат на рекордно високо

Лидерите на земјите од Европската унија ќе се договорат на самитот што почнува денеска заеднички да купуваат гас и водород пред следната зима, се вели во нацрт-изјавата подготвена за нивниот самит. Инвазијата на Украина од страна на Русија, главниот европски снабдувач на гас, предизвика цените на енергијата да се искачат на рекордно високо ниво и да ја стави ЕУ во мисија да ја намали употребата на рускиот гас оваа година - потег што ќе бара скок на увозот од други добавувачи, како на пример од Катар и САД.

Русија најави дека „непријателските“ земји ќе плаќаат во рубљи за снабдување со гас

Европската комисија минатата година предложи систем за земјите од ЕУ за заедничко купување стратешки резерви на гас, што некои членки, вклучително и Шпанија, го побараа како начин да се обезбеди тампон против потенцијалните прекини во снабдувањето. Стравувањата од шокови во снабдувањето се зголемија откако Русија започна, како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина. Русија испорачува 40 насто од гасот на ЕУ. Брисел соопшти дека ќе им помогне на земјите да започнат заедничко купување гас оваа година и се очекува да предложи правила со кои земјите ќе бараат да ги полнат складиштата за гас до 90% пред зимата секоја година. Складирањето во ЕУ моментално е со 26% од капацитетот.

Србија и Русија започнуваат преговори за нов договор за гас

Во нацрт-изјавата се вели дека земјите се согласиле да ги координираат мерките за полнење на складиштето и да почнат да го прават тоа „што е можно поскоро“. Лидерите, исто така, ќе разгледаат нови мерки за да ги заштитат потрошувачите од зголемените цени на енергијата и ќе разговараат за тоа како потенцијално да го „оптимизираат“ функционирањето на енергетските пазари. Тие ќе бараат од Комисијата да преземе „неопходни иницијативи“ за да го направи тоа, се вели во нацрт-изјавата.

Дизелот поскапува за четири денари, бензинот останува со иста цена

Цените на европскиот гас веќе се зголемија во месеците пред инвазијата, што ги натера владите да потрошат милијарди на даночни олеснувања и субвенции за да ги заштитат граѓаните од трошоците. Сепак, изнаоѓањето заеднички одговор на ЕУ се покажа тешко. Земјите на ЕУ се во голема мера одговорни за нивните национални енергетски политики и не се согласуваат околу тоа дали е потребна акција ширум ЕУ за да се скротат цените. Шпанија, Белгија, Португалија, Италија и Грција се меѓу оние кои бараат интервенција на енергетските пазари во Европа, за ограничување на цените или одвојување на цената на електричната енергија од зголемената цена на гасот. Државите, вклучително и Германија, Холандија и Данска се противат на интервенцијата на пазарот и предупредуваат на предизвикување нарушувања на енергетските пазари што би можеле да ги поткопа инвестициите во чиста енергија.