Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Москва ќе се сретне со шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Петер Маурер, соопшти Министерството за надворешни работи. Маурер е во Москва на разговори за украинскиот конфликт, изјави претходно портпаролот на МКЦК.
Украина планира да отвори девет хуманитарни коридори
„Агендата на состанокот предвидува дискусија за клучните области од работата на МКЦК во областа на хуманитарниот одговор“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.