Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да им се обрати преку интернет на лидерите на земјите од НАТО кои ќе се состанат во Брисел на вонредниот самит посветен на руската инвазија на Украина, објави Алијансата. „Претседателот Зеленски е поканет да се обрати на самитот на НАТО преку видео врска. Тоа ќе биде можност лидерите на сојузниците директно да слушнат од него за катастрофалната ситуација во која се наоѓа украинскиот народ поради руската агресија“, се вели во соопштението на НАТО.
НАТО ги зајакнува силите во Источна Европа, додека трае војната во Украина
Украинските власти претходно изјавија дека Зеленски ќе учествува на самитот преку видео обраќање. Зеленски ќе побара помош за ставање крај на руската инвазија, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател на 15 март изјави дека е неопходно да се „признае“ дека Украина нема да може да влезе во НАТО, а тоа го бараше Русија пред инвазијата.