Талибанците денеска наредија затворање на училиштата за девојки во Авганистан, само неколку часа откако тие беа повторно отворени. Портпаролот на талибанците Инамула Самангани изјави дека е точно оти училиштата се затворени, не сакајќи да коментира повеќе. Девојчињата во Авганистан со нетрпение чекаа да се вратат на училиште, за прв пат откако Талибанците ја презедоа власта во август минатата година.
Во тајно училиште за девојки во Кабул
Меѓународната заедница го направи правото на образование за сите камен на сопнување во преговорите за помош и признавање на режимот во Авганистан. Неколку земји и меѓународни организации најавија дека ќе обезбедат наставници за авганистанските училишта.