Нови 310 случаи со ковид 19 се регистрирани во изминатово деноноќие од вкупно направени 2.609 тестови. Од вкупниот број на позитивни 49 се реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје на 77 годишна возраст, кое што починало во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени уште две починати лица, на 87 и на 45годишна возраст. Пријавените лица се починати во период од 17.03. до 19.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.
Кај сите починати се регистрирани коморбидитети.
Регистриран е еден починат и и 284 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.