Притвор од 30 дена за макро кој подведувал Украинки, Русинки и Србинки во Гостивар

MACEDONIA - Police control in Skopje

МВР поднесе кривична пријава до Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против жител на општина Маврово и Ростуше за кривично дело трговија со луѓе.

Полицијата соопшти дека приведениот од лани годинава до сега во Гостивар присилно подведувал жени на проституција. Жртви биле македонски, руски, украински и српски државјанки.

„Тие биле и трудово експлоатирани, со што стекнал за себе противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и Тетово“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата со судска наредба извршила и претрес на угостителскиот објект и претрес во деловни простории кои ги користи угостителскиот објект на подрачје на Гостивар во село Добри Дол. При претресот кој бил спроведен во изминативе два дена во објектот било пријавеното лице, три странски државјанки од Србија и една македонска државјанка, како и шест лица гости во објектот.

  • Оружен грабеж на скопска банка на пладне

Сопственикот е лишен од слобода и изведен пред Судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението на МВР.