Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Москва и Пјонгјанг разговарале за развој на билатералните односи „во контекст на промените што се случуваат на меѓународната сцена“.
Руското министерството во денешното соопштение наведе дека заменик министерот за надворешни работи Игор Моргулов разговарал со севернокорејскиот амбасадор во Русија, Син Хонг-Чол.
„За време на средбата беа допрени прашањата за развојот на билатералните односи во контекст на промените што се случуваат на меѓународната сцена, како и актуелните регионални проблеми, вклучително и ситуацијата на Корејскиот полуостров“, се вели во соопштението.
Повеќе детали не беа соопштени.
Северна Кореја, заедно со Русија, Белорусија, Еритреја и Сирија, гласаа против резолуцијата на ОН на почетокот на март со која се осудува тековната руска инвазија на Украина, во очигледен потег за да се осигура дека Русија ќе го поддржи олеснувањето на санкциите наметнати на Пјонгјанг од Западот за нејзиниот развој на нуклеарно оружје и кршење на човековите права.