Николовски- Србија ќе ја тргне забраната за извоз на жито и масло за јадење

Србија во наредните седум до десет дена ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење. Ова го најави македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски кој денеска по денешниот работен состанок со потпретседателот на српската влада и министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ во Белград.

„Во рамки на инструментите што ги овозможува иницијативата „Отворен Балкан“, со потпретседателот на Владата на Република Србија, Недимовиќ, договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу економските партнери помеѓу двете земји. Сите договори на нашите економски партнери од сите стопански комори ќе бидат реализирани“, изјави министерот Николовски.

Николовски порача граѓаните да бидат смирени, Северна Македонија ќе има доволно количини од овие стратешки култури.Николовски додаде дека максимално се работи и на изнаоѓање на алтернативни пазари за македонските производи.

Владата деновиве ја продолжи забраната за извоз на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семки од сончоглед и сончогледово масло до 15 април, што беше донесена на 11 март.