Агенцијата за миграција на ОН денеска соопшти дека 3,5 милиони бегалци ја напуштиле Украина. Вкупниот број на бегалци кои ја напуштиле државата изнесува 3 528 346, од кои над 2 милиона ја преминале границата со Полска.
Останатите се сместени во Унгарија, Романија, Словачка и Молдавија, додека десетици илјади веќе заминаа кон западноевропските земји. Се проценува дека околу 6,5 милиони жители на Украина се внатрешно раселени откако изби војната со Русија на 24 февруари.
Многу од раселените лица се особено ранливи, вклучително и бремени жени, стари лица и лица со хронични болести, соопшти ИОМ. Виторино го повтори повикот за прекин на непријателствата и за создавање хуманитарни коридори за да им се овозможи на цивилите да избегаат.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари, но украинските сили пружија силен отпор, а Западот воведе огромни санкции кон Русија во обид да ја принуди да ги повлече своите сили.