Западен Балкан доби место во Стратегискиот компас на Европската унија што вчера доби зелено светло од министрите за надворешни работи на Унијата на состанокот во Брисел. Во документот на ЕУ се наведува дека процесот на преговори за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград „треба да се подобри“. Што се однесува до БиХ, се наведува дека е од посебен интерес да се поддржат суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на БиХ, „врз основа на принципите на еднаквост и недискриминација на сите граѓани и конститутивни народи“, како што е пропишано со Уставот на БиХ.
Борел: Време е да се придвижи напред во интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Министрите вчера дадоа зелено светло за Компасот кој официјално ќе биде потврден на самитот на лидерите на ЕУ в четврток и петок. „Безбедноста и стабилноста на целиот Западен Балкан се сè уште нецелосни, исто така поради растечкото странско мешање, вклучително и кампањи за манипулација со информации, како и потенцијалното прелевање од сегашното влошување на безбедносната ситуација во Европа“, се додава во документот.
Руската инвазија во Украина предизвик за Отворен Балкан
Стратешкиот компас е идната воена стратегија на Европската Унија. Со него, земјите-членки се согласуваат за заедничка стратешка визија за улогата на Унијата во безбедноста и одбраната и се обврзуваат на серија конкретни и широки насоки за постигнување на тие цели во следните пет до десет години. Како што се наведува, имајќи ја предвид таа цел, „ЕУ прво треба да го процени своето специфично стратешко опкружување и приоритети“.