Кличко најави нов полициски час во Киев

Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави нов 35-часовен полициски час во главниот град на Украина, кој треба да започне денеска.

Градоначалникот на Киев на социјалната мрежа Телеграм напиша дека полицискиот час ќе започне во 20 часот на 21 март и трае до 7 часот наутро на 23 март.

Кличко рече дека продавниците, аптеките и бензинските пумпи нема да работат на 22 март. Делови од градот се под постојан оган од руските сили.

„Ги замолувам сите да останат дома или во засолништа кога ќе се огласи алармот“, рече Кличко.

Кличко го објави првиот 35-часовен полициски час на 15 март.