Песков: Прво напредок во преговорите, па средба Путин- Зеленски

Нема голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ.

Потребен е значителен напредок во разговорите меѓу двете страни за да се овозможи средба меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски, им изјави денеска на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари, но украинските сили пружија силен отпор, а Западот воведе огромни санкции кон Русија во обид да ја принуди да ги повлече своите сили.


Зеленски го обнови својот повик за преговори со Путин во интервју за Си-Ен -Ен на 20 март.

„Подготвен сум за преговори со него. Мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна“, рече Зеленски.