Украина го игнорира крајниот рок на Москва за предавање во опколениот Мариупол

Мариупол

Украина го отфрли барањето на Русија да го предаде опколениот град Мариупол и да се подигнат бели знамиња на 21 март, велејќи дека „не станува збор за никакво предавање“. Смртоносните улични борби беснееја во Мариупол, стратешки јужен пристанишен град, каде што е закажана голема евакуација за 21 март, додека руските сили нападнаа трговски центар во Киев, при што загинаа неколку луѓе. Жителите на Мариупол, кој имаше 400.000 жители пред избувнувањето на војната, во последните две недели беа заробени без основни потреби, како што се вода, храна и гориво. Русија се обидува да ја преземе контролата врз градот, што ќе ѝ овозможи да го поврзе Крим -- кој го зазеде во 2014 година -- со територијата контролирана од сепаратистите поддржани од Кремљ во источна Украина.

Русија бомбардираше училиште во Мариупол, Зеленски обвини за воени злосторства

Руската војска и даде рок на Украина до 5 часот наутро по московско време (03:00 часот по Прага) на 21 март да го предаде Мариупол, ветувајќи дека за возврат ќе понуди два хуманитарни коридора -- едниот ќе оди на исток кон Русија, а другиот на запад кон другите делови на Украина – за цивилите да го напуштат градот. Руската војска не соопшти што би направила доколку понудата биде одбиена. Украинскиот вицепремиер Ирина Верешчук рано на 21 март изјави дека „не може да стане збор за какво било предавање и полагање оружје“. „За ова веќе ја информиравме руската страна“, рече Верешчук.

Зеленски се повика на холокаустот во обраќањето до израелските законодавци


Русија го бомбардираше опкружениот јужен град на Азовското Море, погодувајќи уметничко училиште во кое беа засолнети околу 400 луѓе на 20 март. Локалните власти на 20 март на нивниот канал Телеграм рекоа дека зградата на училиштето е уништена и оти би моќело да има луѓе би под урнатините. Засега нема информации за жртви. „Да се направи ова на мирен град -- она што го направија окупаторите -- е терор што ќе се памети со векови што доаѓаат“, рече Зеленски во видео-обраќање до нацијата рано на 20 март. Нападот на уметничкото училиште уследи откако руските воздушни напади на 16 март срамнија со земја театар во Мариупол каде што се засолнуваа цивили. Градските власти соопштија дека 130 луѓе биле спасени, но многу повеќе би можеле да останат под урнатините. Спасувачките екипи сè уште трагаат по преживеани.