Во Москва денеска ќе започне судењето за тоа дали да се прогласи компанијата Мета (Фејсбук) како екстремистичка организација. Ова доаѓа откако на 11 март Руското јавно обвинителство побара Мета да биде признаена како екстремистичка организација и да ѝ бидат забранети сите активности на територијата на Руската Федерација откако компанијата им овозможи на корисниците од повеќе земји да објавуваат информации кои содржат повици против руската војска.
Рускиот медиумски регулатор тврди дека Google шири закани преку YouTube
Неколку дена потоа Роскомнадзор објави дека го блокира Инстаграм.