Албанија денеска без возила за заштеда на гориво

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека денеска ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“. Тој ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на Ковид-19, што „е добра можност за штедење на нафта“. „Додека разговараме за цените, ризикот е недостигот. Да не ги прифаќаш фактите и да зборуваш како да си во нормална реалност е многу голем проблем, истакна Рама, индирекно обраќајќи ѝ се на опозицијата и организаторите на протестите што ги одржуваат поради поскапувањата.

Демонстрантите со ултиматум до Рама - или поевтини горива или оставка

Тој додаде дека Владата ќе заседава и ќе донесе одлука околу опцијата за работа од дома и оти засега за неработен го прогласила 21 март) што значи се спојува со вторник кога Бекташите го одбележуваат Султан Неврус, а во Албанија е неработен ден.