Министерството за здравство соопшти дека со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од денеска почнува со караван за вакцинација против ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, како што се посочува, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против ковид-19. Вакцините кои се користат се сигурни и безбедни и здравствените домови располагаат со доволни количини вакцини.
Нови 214 случаи на ковид 19, осуммина починале
Англија препорача четврта доза анти ковид вакцина за постарите
Вакцинацијата останува најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективниот имунитет е единствениот начин да се победи пандемијата, информираат од Министерството за здравство. Организираниот караван за вакцинација ќе се спроведува во Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, пред Ист Гејт Мол во Скопје, во Куманово, во селото Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, Врапчиште, Кичево и во Струга.