Зеленски се повика на холокаустот во обраќањето до израелските законодавци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Израел дека сега е време таа земја јасно да изрази поддршка за Украина и да стави крај на обидот да остане неутрален по руската инвазија на неговата земја. Зеленски, кој често го истакнува своето еврејско потекло, вчера разговараше со израелските пратеници преку видеоконференција во најновиот таков говор пред странските законодавни тела, вклучително и пред Конгресот на САД, британскиот парламент и германскиот Бундестаг. Зеленски во неколку точки ја спореди агресијата на Русија со Холокаустот и рече дека „Украина го направила изборот да ги спаси Евреите пред 80 години“.

Израелскиот премиер Бенет разговараше со Путин во Москва

„Сега е време Израел да го направи својот избор“, рече тој пред израелскиот парламент, Кнесетот. Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да спроведе „трајно решение“ против Украина - користејќи го терминот што го користеше нацистичка Германија за нејзиниот геноцид врз околу 6 милиони Евреи за време на Втората светска војна. Владата на израелскиот премиер Нафтали Бенет се обиде да одржи неутралност во конфликтот меѓу Украина и Русија, наведувајќи ги блиските врски на неговата нација со двете земји.