Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.133 тестови, а регистрирани се 214 нови случаи на Ковид 19 и тоа во градовите Скопје – 135 случаи, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци – 8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по – 1.
Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии. Регистрирани сe 96 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се 5 починати лица, сите во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид 19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.937.970 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.354, бројот на оздравени пациенти е 292.048, на починати е 9.180, а бројот на активни случаи изнесува 2.126.