Кина објави дека ги зајакнува мерките за затворање во провинцијата Џилин, која граничи со Северна Кореја и Русија, откако скокна бројот на заразени со корона вирус во таа област.
Кина, каде корона вирусот првпат беше откриен кон крајот на 2019 година, во голема мера успеа да ја искорени епидемијата со строги мерки за затворање од почетокот на 2020 година, но видот омикрон предизвика бројни епидемии во земјата во последните месеци.
Кина денеска забележа 4.053 нови случаи на инфекција, од кои две третини се во провинцијата Џилин.
Со цел да се спречи ширењето на вирусот, властите на градот Џилин објавија дека воведуваат строг карантин за неговите 4,5 милиони жители. Од полноќ во понеделник и во наредните три дена жителите на Џилин нема да можат да го напуштат своето место на живеење или становите.