Украина ги суспендираше проруските партии во земјата

Виктор Медведчук, лидер на партијата Опозициска платформа за живот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во таа земја, вклучително и некои кои се обвинети за врски со руската држава.

Во видео-обраќање, Зеленски именуваше неколку партии, вклучително и Опозициската платформа за живот, една од најголемите проруски партии со 44 претставници во украинскиот парламент.

Партијата ја предводи Виктор Медведчук, кој има пријателски врски со рускиот претседател Владимир Путин, кумот на ќерката на Медведчук.

На листата е и партијата Наши, предводена од Јевхениј Мураев.
Пред руската инвазија, британските власти предупредија дека Русија сака да го назначи Мураев за лидер на Украина.

„Со оглед на големата војна што ја иницира Руската Федерација и врските меѓу неа и некои политички структури, активностите на голем број политички партии се суспендирани додека трае воената состојба“, рече Зеленски во видео обраќањето на 20 март.

Украинското Министерство за правда веднаш ќе дејствува за спроведување на забраната, за која Зеленски рече дека ќе трае се додека е на сила вонредната состојба.