Полска бара целосна забрана на трговијата со Русија

Полскиот премиер Матеус Моравјецки

Полскиот премиер Матеус Моравјецки ја повика ЕУ да воведе целосна забрана за трговија со Русија. Моравјецки вели дека сака да воспостави „трговска блокада“ по морски и копнен пат „што е можно поскоро“, пренесува Ројтерс.

„Целосен прекин на руската трговија дополнително ќе ја принуди Русија да размисли дали би било подобро да се запре оваа сурова војна“, рече тој.

ЕУ веќе воведе трговски ограничувања на Русија во некои клучни сектори. Дипломатите соопштија дека санкциите треба да вклучуваат забрана за увоз на руски челик и железо, забрана за извоз на луксузни стоки, вклучително и автомобили во вредност од повеќе од 50.000 евра (55.000 американски долари) и забрана за инвестиции во нафтените компании и енергетскиот сектор.

Но, Полска која дели 535 километри граница со Украина е меѓу оние кои се залагаат за построги санкции кон Русија.