Албанскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека мисли оти Западен Балкан е во опасност од рускиот претседател Владимир Путун кој ја нападна Украина на 24 февруари. Тој на прес конференцијата во Приштина по средбата со австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека Косово има силни врски со западните земји и НАТО и додаде дека Косово е загрижено, но не се плаши.
„ Западен Балкан е во опасност, на овие простори веќе се води хибридна војна. Седиштето на Спутник е во Белград, а во Ниш постои хуманитарен руски центар, кој е полн со руски агенти. Загрижени сме, но не се плашиме,“ изјави Курти пред новинарите.
Косово ќе формира работна група за зачленување во НАТО
Австрискиот канцелар по средбата изјави дека со Курти разговарал за евроинтегративниот процес за Косово.
Во однос на изборите во Србија кои треба да се одржат на 3 април годинава Курти изјави дека припадниците на српската заедница може да гласаат, но мора да се почититуваат законите и Уставот во Косово.
Србија на 3 април ќе одржи претседателски, парламентарни и локални избори, но засега е неизвесно дали тие ќе се одржат и во срспките средини во Косово, затоа што претходно официјално Приштина не дозволи отворање на гласачки места на 16 јануари за гласање на српскиот референдум за измени на Уставот.