Бугарското министерство за внатрешни работи денеска обвини дека обвинителството доцни во оценувањето на доказите што би можело да доведе до ослободување на тројцата приведени поранешниот премиер Бојко Борисов, неговата портпаролка Севделина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.
Максималниот рок од 24 часа за притвор по приведување истекува денеска во 21 часот. Доколку бугарското обвинителство не се изјасни за дали се доволно инкриминирачки докзаите протов приведените, тие може да бидат ослободени се наведува во соопштението на бугарското министерство за внатрешни работи.
Претходно денеска во прес-центарот државното обвинителство појасни дека правната квалификација на наводното кривично дело наведена во известувањето кое го добиле од МВР по факс „ја исклучува надлежноста на Европското обвинителство во овој случај“.
Во четвртокот вечерта, Министерството за внатрешни работи објави дека спроведува „обемна операција во врска со 120 случаи на Европското обвинителство во Бугарија“, во кои беа приведени Борисов, Горанов, Арнаудова.
„Досега случајот не е поднесен до градското обвинителство на Софија“, соопшти денеска напладне државното обвинителство.
Адвокатот на Борисов, Менко Менков, доцна навечер во четвртокот за медиумите изјави дека поранешниот премиер и лидер на опозициската партија ГЕРБ е приведен во 24 часа во рамките на истрагата за уцена. Тој изјави дека поранешниот премиер не е обвинет, туку е приведен во рамките на таканаречени „итни дејствија“, кои предвидуваат дека полицијата мора да го извести обвинителството што сторила во рок од 24 часа од нејзиното постапување.
Адвокатот рече дека тоа го наредил премиерот Кирил Петков, прецизирајќи дека истрагата за случајот е покрената по сведочењето на Петков претходно во текот на денот. На прашањето како дознал дека премиерот му одредил притвор на Борисов, Менков рече дека тој е единствениот што сведочел во случајот, но не знаел за содржината на неговото сведочење.
Премиерот на Бугарија Кирил Петков и вицепремиерот Асен Василев денеска ги поддржаа синоќешните акции на Министерството за внатрешни работи во кои беше приведен поранешниот премиер Бојко Борисов и поранешни негови владини соработници. Василев рече дека според него овие акции се поврзани со сигналот од обвинетиот бизнисмен Васил Божков за изнуда, како и за предизвиканата штета врз буџетот од половина милијарда лева поврзана со оданочувањето на коцкарскиот бизнис на Божков.
Во моментов се водат истраги во Европското обвинителство, изјави премиерот Кирил Петков во видео порака објавена во петок на Фејсбук страницата на владата. Тој повтори дека акцијата на МВР покажува дека никој не е над законот.