Казахстан одлучи да користи руски рубљи за плаќање на царински такси во билатералната трговија, откако западните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина го оневозможија користењето на други странски валути.
Кабинетот на казахстанскиот премиер денеска соопшти дека санкциите, кои вклучуваат блокирање на Русија од системот за финансиски трансакции SWIFT, се причина за овој потег, но трговијата со Ерменија и Киргистан, другите членки на Евроазиската економска унија, ќе продолжи да се спроведува во американски долари.
Рускиот министер за економски развој Максим Решетников претходно изјави дека земјите-членки на економската група се договориле постепено да се префрлаат на руски рубљи во меѓусебните трговски операции.
ЕУ ги проширува санкциите за руските функционери и олигарси
Истовремено рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој им се дозволува на руските банки санкционирани од Западот да ги извршуваат своите обврски во однос на девизните депозити во рубљи по тековниот девизен курс до 1 септември.
Западните санкции поради нејзината неиспровоцирана инвазија на Украина, силно ја погодија руската економија, предизвикувајќи драстичен пад на вредноста на рубљата.
Белорусија, другата членка на Евроазиската економска унија, исто така беше погодена од санкции затоа што дозволи нејзината територија да биде искористена од Русија за да започне напад врз Украина.