Полицијата во северозападниот руски град Псков изврши претреси во домовите на неколку политичари, активисти и новинари како дел од истрагата поврзана со критиките по изјавата на регионалниот гувернер Михаил Ведерников за загинатите војниците во руско-украинската војна кои се потекло од Псков.
Опозициската партија Јаблоко денеска соопшти дека полицијата извршила претрес во домот на лидерот на регионалниот огранок на партијата, Лев Шлосберг, и на неколку членови на партијата.
Меѓу домовите каде што полицијата извршила претрес е и куќата на уредничка во рускиот сервис на Радио Слободна Европа Светлана Прокопјева и главниот уредник на весникот Псковскаја Губернија, Денис Камалјагин и активистката Екатерина Новикова.
Руската телевизија го прекина говорот на Путин, Кремљ тврди- техничка грешка
Адвокатката Татјана Мартинова за РСЕ изјави дека претресите биле извршени во врска со пријавата поднесена од гувернерот на регионот Псков, Ведерников кој ја пофалил тековната руска инвазија на Украина додека зборувал за седумте војници од Псков кои загинале во конфликтот.
Руските власти им наредија на руските медиуми и блогери да објавуваат само информации дадени од официјални извори за тековната војна во Украина.
Според руските правила за медиумите, конфликтот во Украина е забрането да се нарекува војна или инвазија, туку мора да се опишува како „специјална воена операција“.