Рускиот претседател Владимир Путин до Државната дума достави предлог за уште еден петгодишен мандат за гувернерката на руската Централна банка Елвира Набиулина.
Долниот дом на рускиот парламент ќе расправа за предлогот на 21 март.
Мандатот на 58-годишната Набиулина завршува во јуни, а според законот, Путин мора да предложи кандидат за гувернер до 24 март.
Кремљ соопшти дека предлогот дошол затоа што Путин високо ја цени работата на Централната банка.
Набиулина е на чело на Централната банка од јуни 2013 година. Во 2017 година, таа доби уште еден петгодишен мандат. Пред да биде назначена за гувернерка, таа една година ми беше советничка на Путин, а претходно беше на чело на Министерството за економски развој.
Набиулина е задолжена за монетарната политика на земјата во време на невидени санкции од Западот против Русија поради инвазијата врз Украина. Руската централна банка минатиот месец ги зголеми основните каматни стапки на 20 отсто откако рубљата падна поради санкциите.