Бугарија протерува 10 руски дипломати, со образложение дека извршуваат активности кои се сметаат некомпактибилни со нивниот дипломатски статус.
Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека им дало на дипломатите 72 часа да ја напуштат земјата.
Во соопштението не се наведени подетални причини за протерувањата, но откако Русија го почна воениот напад врз Украина, руската амбасадорка во Софија постојано дава контрадикторни изјави за позицијата на Бугарија за конфликтот.
Министерството не соопшти кој се наоѓа на листата протерани дипломати.