Руски ракети денеска го погодија подрачјето на аеродромот во Лвив, украинскиот град во близина на границата со Полска, соопшти градоначалникот Андриј Садовиј на Фејсбук.
Тој додаде дека во нападот не била директно погодена зградата на аеродромот.
Медиумите претходно објавија дека над аеродромот се гледаат облаци чад.
Руските сили во неделата бомбардираа воена база за обука во околината на Лвив, град кој од почетокот на судирите беше поштеден од судири.