Најмалку едно лице загина, а три се ранети откако остатоци од соборен проектил погодија станбена зграда во главниот град на Украина, Киев, соопшти во четвртокот украинската служба за итни случаи, јавува Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека 16-катницата била погодена во 05:02 часот, по локално време. Од зградата биле евакуирани 30 лица и изгаснат е пожарот што настанал откако зградата била погодена од остатоци од проектилот.
Руската инвазија на Украина навлегува во четвртата недела. Русија ја нападна соседната земја на 24 февруари. Повеќе од три милиони луѓе ја напуштија Украина од почетокот на војната.