Бајден најави нов пакет помош за Украина

Претседателот на САД Џо Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет воена помош за Украина, во нејзината борба против Русија.

Тој вели дека Белата куќа обезбедува „помош без преседан“ вредна околу 800 милиони долари, вклучително и набавка на дронови.

САД ѝ помагаат на Украина да „идентификува и набави противвоздушни системи со долг дострел“ и потребна муниција.

Изјавата на Бајден доаѓа неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше обраќање пред американскиот Конгрес, на кое го повтори своето барање за зона на забранети летови над Украина.

Белата куќа повторно го одби неговото барање, но рече дека новата помош е веќе на пат.

И генералниот секретар на НАТО денеска потврди дека Алијансата нема намера да воведе зона на забранети летови над украинското небо, ниту пак да испрати војници на НАТО на украинска територија.