Русија исклучена од Советот на Европа

Илустрација

Советот на Европа соопшти дека Комитетот на министри официјално одлучил да ја исфрли Русија од телото за човекови права, што е прв пат земја-членка да биде исфрлена од групата.

Советот на Европа, со седиште во Стразбур, во соопштението пишува дека едногласно усвоил предлог „со кој се смета дека Руската Федерација повеќе не може да биде земја членка на Организацијата“.

Одлуката доаѓа еден ден откако Русија покрена постапка за излегување од Советот, што значи дека „Руската Федерација по 26 години членство, од денеска престанува да биде членка на Советот на Европа“.

Советот на Европа ја суспендираше Русија на 25-ти февруари, еден ден откако ја започна инвазијата врз Украина. Генералната секретарка на Советот, Марија Пејчиновиќ Буриќ, го опиша нападот врз Украина како „флагрантно кршење“ на статутот на Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права.