Украина бара меѓународни безбедносни гаранции

Главниот преговарач на Украина, Михајло Подољак

Украина соопшти дека бара меѓународни безбедносни гаранции кои се „правно потврдени“ како дел од разговорите со Русија за постигнување договор за ставање крај на неиспровоцираната инвазија на Москва.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги нарече дискусиите „деловни“, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ги опишува барањата на Москва како „ пореални“.

Лавров рече дека се водат „сериозни“ дискусии за Украина да има неутрален статус, со „конкретни формулации кои според мене се блиску до договор“.

Највисокиот руски дипломат не елаборираше за дискусиите, но главниот преговарач на Украина, Михајло Подољак изјави дека во услови кога војната со Русија е во тек, „моделот може да биде само украински и само за легално потврдени безбедносни гаранции.

„Украина никогаш не била милитаристичка држава која ги напаѓа или планира да ги нападне своите соседи, за разлика од некои соседи. Тоа значи дека потписниците на гаранциите не стојат настрана во случај на напад врз Украина, како што тоа го прават денес. Наместо тоа, тие земаат активно учество на страната на Украина во конфликт и официјално ни обезбедуваат непосредна снабдување со потребната количина оружје“, додаде тој.