Меѓународната шаховска федерација соопшти дека ги забранила официјални натпревари на Русија и Белорусија „до понатамошно известување“ како одговор на неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина.
Федерацијата соопшти дека го презела овој потег откако ја земала в предвид препораката од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) дека меѓународните спортски федерации забрануваат учество на руски и белоруски спортисти и официјални претставници на меѓународни натпревари поради војната на Русија против Украина.
На руските и на белоруските играчи, според соопштението, сепак ќе им биде дозволено да учествуваат на индивидуален турнир од циклусот на Светското првенство, но не под нивните знамиња. Наместо тоа, тие ќе учествуваат под знамето на федерацијата без ознака на националност.
Моментално има тројца Руси во топ 20 на светската шаховска ранг листа и шест во женската топ 20 ранг листа.