Русија го засили бомбардирањето на украинскиот главен град Киев во текот на ноќта и започна нови напади врз пристанишниот град Мариупол во услови кога треба да продолжат мировните преговори.
Руските сили ги интензивираа нападите врз предградијата на Киев, особено оние на северозапад и запад, рече денеска шефот на киевскиот регион, Олексеј Кулеба.
„Тие се обидуваат да го отсечат главниот град од транспортните артерии и да ги уништат логистичките способности бидејќи планираат поширока напад за заземање на Киев“, рече Кулеба.
Тој додаде дека Русија го окупирала градот Иванкив, 80 километри северно од Киев, и го контролира околниот регион на границата со Белорусија.
Битки се водат и други градови, вклучувајќи ги Хархив и Миколаев. Руската инвазија врз Украина започна на 24 февруари.
Членот на украинската делегација Михајло Подољак, кој е советник на претседателот Зеленски по вчерашните преговори рече дека има „суштински противречности“ за окончување на рускиот воен напад врз Украина, но оти компромис е можен. Преговорите продолжуваат денеска.