Русија му забрани влез на Бајден

Џо Бајден, претседател на САД

Русија објави дека денеска ги ставила американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и други високи функционери на „стоп-листата“ со која им се забранува влез во земјата.

Нивните имиња, заедно со министерот за одбрана Лојд Остин, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс и советникот за национална безбедност Џејк Саливан, се најдоа на списокот од 13 лица на кои им е забранет влез во Русија како одговор на санкциите на Вашингтон кон руските официјални лица.

Сепак, Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека одржува официјални односи со Вашингтон и дека, доколку е потребно, ќе се погрижи да се одржат контактите на високо ниво со лицата на списокот, јавува Ројтерс.

Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари, поради што САД и ЕУ воведоа санкции кон Москва.