Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до западните лидери претпладнево повика на поголема поддршка и предупреди дека Русија би можела да ги таргетира и другите делови на Европа.
„Сè уште можеме да ја запреме руската воена машинерија, сè уште можеме да го запреме убивањето луѓе“, рече тој, тврдејќи дека би било „полесно тоа да го направиме заедно“.
„Затоа што во спротивно ќе дојдат кај вас“, рече Зеленски.
Украинскиот лидер посочи дека ако Европа сега не заземе став, Русија ќе ги таргетира другите европски земји.
„Сите ние сме цел на Русија...помогнете си со тоа што нас ќе ни помогнете“, побара тој.
Борис Џонсон, премиерот на Велика Британија, кој беше меѓу лидерите на состанокот на здружените експедициски сили, рече дека лидерите мора да се обидат да направат повеќе за поддршка на Украина.
Зеленски денеска во Киев треба да се сретне со премиерите на Полска, Чешка и Словенија.
Во тек е дваесеттиот ден од руската инвазија на Украина, а руските активности продолжија и во текот на ноќта со воздушни напади врз Киев.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, како шро соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител, загинале скоро 100 деца, а многу повеќе се повредени. Според последните информации, земјата ја имаат напуштено над 2,8 милиони жители.