Обвинителот на судењето на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални побара 13-годишна затворска казна за критичарот на Кремљ, кој е обвинет за проневера и непочитување на судот.
Обвинителот исто така побара од московскиот окружен суд да го казни Навални со 1,2 милиони рубли (околу 10 000 долари).
Навални ја помина минатата година во затвор, откако се врати од странство, каде што се опоравуваше од речиси фаталниот напад со отров за кој го обвинува Кремљ.
Нов случај против Навални беше покренат во декември 2020 година под обвинение дека 45-годишниот борец против корупцијата проневерил пари од неговата сега веќе непостоечка и забранета Антикорупциска Фондација, но и за непочитување на московскиот суд.
Според обвинението, Навални лично за себе присвоил околу 34 000 долари од донациите. Навални и неговите поддржувачи ги отфрлија сите обвиненија, нарекувајќи ги политички мотивирани.
Само неколку недели по враќањето од неговото закрепнување во Германија во јануари 2021 година, Навални беше осуден на две и пол години затвор за прекршување претходната условна казна. Сепак, обвиненијата кон него пошироко се гледаат како резултат на измислен, политички мотивиран случај.
Кремљ негираше каква било улога во труењето на Навални, од чии последници тој се лекуваше во Германија. Ова, заедно со неговото апсење предизвика широка осуда и санкции од Западот.